Skip to main content

Во четвртиот историски преглед, претставени се најзначајните настани и личности од XVII и XVIII век.

Проф. Горан Калоѓера (види биографија) ќе забележи дека во XVII век во обид да се обнови приматот на Јустинијан Први (односно Охрид), за надбискуп е именуван Хрватот Рафаел Леваковиќ, но поради прераната смрт не стапил на функцијата, а надбискупијата без ниту еден католик е униката во 1657. година, на начин што е ставена под власт на скопската надбискупија (види Религија).

Во XVIII век се добро познати трговските врски помеѓу Македонците и Хрватите. Голем дел Славонци доаѓаат во Македонија поради трговија. Најдобар пример за трговските врски e хрватскиот просветител Матија Антун Релјковиќ (1732-1798), кој ги праќал Славонците на трговија во Македонија со цел да ја дигне економијата во Славонија.

Во еден дел на делото „Satir iliti divlji čovik“, Релјковиќ во сатиричен тој го споменува тргувањето помеѓу Славонците и Македонците. Проф. Калоѓера, ќе го наведе како куриозитет делото „Nova
slavonska i nimačka ramatika“ на Релјковиќ кое било во употреба во градот Велес во 19 век.

Илустрација: „Satir iliti divlji čovik“


Kalogjera, G., 2017. Makedonska kultura i civilizacija.