„Архива на Хрвати во Македонија“ претставува дигитална платформа преку која се врши дигитализација и систематизација на најзначајните трудови, автори, личности и настани кои го потврдуваат постоењето и успесите на Хрватите на теторијата на македонската држава, но и свесно ја потенцираат историската соработка и врски помеѓу двата народa. Оваа дигитална платформа има за цел лесно, достапно и визуелно да ги претстави историските факти, контакти и настани.

Најголемата придобивка која ја има оваа дигитална платформа е неограничената можност за поставување на текстуални содржини, фото и видео материјали, а објавувањето на архивата, како прв чекор на дигитализација на хрватското културно наследство во РСМ, го сметаме за повик за идeн подлабиски, стручен и артикулиран ангажман кога се во прашање двата народa.

Со оваа архива поставуваме нова основа кон идно истражување и запознавање на културата на Хрватите во Македонија, како и на историски забележаните и импозантни акти на соработка помеѓу македонскиот и хрватскиот народ.

Архивата е изработена од страна на тимот за дигитализација на Македонско – хрватското друштво, составен од историчари, правници и информатичари, со помош на членовите на младинската организација Хрватски Форум.

Оваа дигитална платформа претставува почеток на процес кој е континуиран, кој треба за значи дополнителен поттик за истражување, документирање и архивирање на значајни дела и личности поврзани со Хрватите во Македонија.

Изработката на дигиталната архива е финансиски поддржана од страна на Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од РХ, а во склоп на проектот „Дигитализација на хрватското културно наследство во РСМ“.