Skip to main content

Во третиот историски преглед, претставени се најзначајните настани и личности од периодот на XIII до XIV век.

Периодот на XIII и XIV век останува недоволно истражен во поглед на односите на Македонците и Хрватите, но од средината на XVI век па понатаму во Скопје се населуваат голем број трговци од Дубровник што ќе обезбеди добри трговски и политички врски на Скопје и Дубровник.

Братот на познатиот комедиограф Марин Држиќ (1508-1567), Ѓоре Држиќ е погребан на гробиштата во Гази Баба што укажува на фактот дека бил меѓу бројните Дубровчани кои го населувале Скопје. Ренесансниот писател Петар Хекторовиќ (1467-1572) од Хвар, во едно од неговите дела запишал песна за Крали Марко.

Илустрација: Марин Држиќ, хрватски ренсесансен комедиограф


Kalogjera, G., 2017. Makedonska kultura i civilizacija.