Skip to main content

Во вториот историски преглед, претставени се значајни личности и настани од X до XII век.

Во текот на X век дошло до поголеми македонско-хрватски врски и тоа за време на владеењето на цар Самоил, кој со својата војска ја прошол цела Далмација, од  Дубровник до Задар, при што завладеал со Дубровник.

Врз основа на овие податоци,  проф. Стјепан Антољак (види биографија) претпоставува дека Македонците и дел од Хрватите некое време биле поврзани во склоп на моќната Самоилова држава.

Вредно е да се напомене дека Македонците кревале востанија против Византија, а во 1072 година на помош стигнале и дукљански Хрвати.  Во периодот на XII век, Мануел Комнин во намера да ја врати старата слава на Византија успеал во своето царство да ја припои Хрватска, Далмација, Босна, Срем и Македонија, но потоа ги губи териториите и Македонците и Хрватите остануваат воено и политички одвоени едни од други.

Илустрација: Дубровник


Kalogjera, G., 2017. Makedonska kultura i civilizacija.