Skip to main content

Првите македонско-хрватски допири не се сѐ уште доволно истражени, но преку оваа дигитална платформа ќе биде претставен еден краток осврт, држејќи се до историските факти кои докажуваат неконтинуирана вековна поврзаност на македонскиот и хрватскиот народ.

За најраните македонско-хрватски допири користени се податоците кои изнесени од познатиот историчар Стјепан Антољак (види биографија).

Проф. Антољак смета дека најраните податоци за македонско-хрватските врски со сигурност не може да се утврдат, но според него истите датираат од IX век кога браќата Кирил и Методиј тргнале на познатата Моравска мисија, а на патот за Велика Моравија преминале преку Панонска Хрватска.

Некои од изворите покажуваат дека браќата Кирил и Методиј на својот пат за Рим преминале преку хрватска територија, односно преку Истра, каде отпловиле за Рим. Спомениците на глаголица на подрачјето на Истра, хрватското приморје и кварнерските острови потврдуваат дека бројни свештеници кои ја користеле глаголицата по смртта на Методиј се населиле на делови од Истра, Кварнер и приморјето.

Илустрација: Кнез Трпимир (846. – 864.), во чие владеење браќата Кирил и Методиј заминуваат во моравската мисија.


Kalogjera, G., 2017. Makedonska kultura i civilizacija.