Хрватско организирање во Македонија

Формирање на Македонско Хрватско друштво во Скопје.

Основачите на МХД

Една година по воспоставувањето на дипломатските односни, во Скопје, на 4 октомври 1993 година во просториите на „Загребскиот велесаем“ се конституира Иницијативниот одбор на МХД, во присуство на проф. д-р Александар Апостолов, Драги Арсов, Марија Дамјановска, Ристо Спасески, Борис Трајковски, Михајло Георгиевски и Слободан Кусевски. Одлучено е амблемот на друштвото да ги содржи ликовите на преродбените на македонскиот и хрватскиот народ Константин Миладинов и Јосип Јурај Штросмаер.

Амблемот на МХД е дело на ликовниот уметник Спиро Георгиев

Основачкото собрание е одржано на 22 октомври 1993 година во една од салите на „Скопскиот саем“. На собранието пристустваа околу 150 граѓани, од кои голем број научни и културни работници За прв претседател на МХД е избран проф. д-р Александар Апостолов.

Според одлуката за основање, основачи на МХД се: Александар Апостолов, Михајло Георгиевски, Димитар Ѓурчилов, Љупчо Павловски, Борис Трајковски, Драги Арсов, Ристо Спасески, Марија Дамјановска, Слободан Кусевски, Александар Христовски, Тодор Богданов, Зоран Тодоровски и Спиро Георгиев.

1993

Формирање на разгранок на МХД во Битола.

МХД на 29 мај 1994 година формира разгранок во Битола.

1994

Формирање на разгранок на МХД во Кичево.

На 22 јуни 1995 година одржано е основачко собрание на огранокот на МХД во Кичево. Во таа пригода е поставена изложбата „Хрватска графика“.

1995

Објавен е првиот број од списанието „Мугри“ на МХД.

Во ноември 1995 година издаден е првиот број на списанието „Мугри“.

Во самиот уводник Марија Дамјановска го претставува списанието „Мугри“, потенцирајќи дека станува збор за активности од првото собрание на МХД, заклучно со месец ноември истата година. Планирано е списанието да излегува 4 пати годишно, како бесплатен примерок.

Претходно, е објавуван гласникот „Билтен“.

„Мугри“, прв број

1995

Формирање на Заедница (здружение) на Хрвати во Скопје.

На 19 февруари 1996 година во салата на град Скопје формирана е Заедница (здружение) на Хрвати во Македонија.

Покана

За претседателка е избрана Марија Дамјановска, за потпретседател Миленко Клисуриќ, а за секретар Тереза Пешевска.

За членови на претседателство се избрани: Брадиќ Иван, Гацева Мирјана, Гласновиќ Никола, Бранко Маретиќ, Матековиќ Никола, Дубравка Нацевска, Тичиновиќ Винко, Иван Шишак, Вера Петрова, Звонко Вукелиќ, Крешимир Орешковиќ, Головрат Иван, Јелица Груин, Плазибат Алојз и Рудолф Баришин. Благајник: Драго Марош.

Дневен ред

На 16 март прифатена е забелешката на министерството за внатрешни работи Заедницата да се регистрира под назив „Здружение на Хрвати во Македонија“, со заклучок во иднина ако постојат законски основи, да се пререгистрира во „заедница“.

1996

Формирање на Заедница на Хрвати огранок Штип.

1996

Објавен е првиот број на списанието „Хрватска ријеч“.

На 15 ноември 2001 во Скопје објавен е првиот број на списанието на хрватски јазик „Хрватска ријеч“.

Првиот примерок содржини 4 страници, од кои последната е резервирана за фотографии од активности.

2001

Формирање на разгранок на МХД во Тетово.

Основачко собрание

На 11 ноември 2002 година во Тетово во „Петрол Компани“ формиран е  огранок на Македонско – хрватското друштво, кое единствено до денеска функцинира под називот на МХД.

За претседател е избран Горан Видачек.

Помеѓу основачите, се вбројуваат и Дарко Обадиќ, Недиљко Ромац, Владимир Копривњак, Моника Обадиќ, Горан Видачек, Весна Видачек, Стипе Штрбац, Томо Каталиниќ, Владо Мартиноски и др.

Основачи на МХД

2002

Формирање на Заедница на Хрвати огранок Куманово.

2008

Формирање на ракометниот клуб „Кромак“.

Во 2016 година, претходно воспоставената ракометна секција при МХД, прераснува во ракометен клуб, со посебна регистрација како спортски клуб.

Клубот, користејќи ги акономите на двете држави, го добива називот „Кромак“. Како тренери работаат Томо Каталиниќ и Зоран Перовски.

2016

Формирање на еколошко – нуркачки клуб „Пена“ при МХД.

Во 2017 година, на иницијатива на неколку членови на МХД, во склоп на здружението, се формира еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“.

На 22 јуни 1995 година одржано е основачко собрание на огранокот на МХД во Кичево. Во таа пригода е поставена изложбата „Хрватска графика“.

2017

Основање на првата македонско-хрватска ракометна школа во организација на МХД во Тетово.

Во 2013 година, на иницијатива на истакнатиот член на МХД, ракометар и ракометен тренер Томо Каталиниќ, се воспоставува првата македонско-хрватска ракометна школа.

2013

Формирање на ракометниот клуб „Кромак“.

Во 2016 година, претходно воспоставената ракометна секција при МХД, прераснува во ракометен клуб, со посебна регистрација како спортски клуб.

Клубот, користејќи ги акономите на двете држави, го добива називот „Кромак“. Како тренери работаат Томо Каталиниќ и Зоран Перовски.

2016

Формирање на еколошко – нуркачки клуб „Пена“ при МХД.

Во 2017 година, на иницијатива на неколку членови на МХД, во склоп на здружението, се формира еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“.

На 22 јуни 1995 година одржано е основачко собрание на огранокот на МХД во Кичево. Во таа пригода е поставена изложбата „Хрватска графика“.

2017

Формирање на младинската организација Хрватски Форум.

На 12 октомври 2019 година, во Тетово формирана е младинската организација Хрватски Форум.

За генерален секретар е избран Марко Видачек, а за заменик-генерална секретарка Теодора Димитровска.

Логото на ХФ е дело на Томислав Видачек

Логото на ХФ е дело на Томислав Видачек

2019

Објавена првата онлајн информативна платформа на хрватски јазик во Македонија „Croatica“.

На 25 февруари 2022 година, во Скопје е презентирана и официјално објавена првата информативна платформа на хрватски јазик во Македонија www.croatica.mk.

Објавувањето на платформата е во склоп на процесот на дигитализација на хрватското културно наследство во РСМ, кое го спроведува МХД.

Промоција на www.croatica.mk

2022

Објавен првиот онлајн архив на Хрвати во Македонија.

На 8 јули 2022 година во Тетово објавен е првиот онлајн архив на Хрвати во Македонија.

2022